Едноставни совети за поубава кожа
Скапите препарати и третмани не се единствени кои ќе ви обезбедат здрава и убава кожа. Ако сакате вашата кожа да сјае и да привлекува погледи ви носиме едноставни совети кои тоа ќе ви го овозможат.
Помалку шеќер ,не треба целосно да го исфрлите од исхраната но секако треба да го намалите внесувањето ако сакате да имате убава кожа. Шеќерот го забрзува пукањето на колагенот во кожата и на тој начин поттикнува создавање на брчки.
Повеќе витамин Ц – Добар е за здравјето но и убавината. Помага во обновување на клетките на кожата и ја намалува можноста за појава на брчки и дамки од сонцето.
Омега 3 масни киселини – Доволното внесување на омега 3 масни киселини е посебно важно ако имате сува или порблематична кожа наклонета кон акни. Тие ќе направат чуда од вашата кожа.
Постудена вода – Задолжително избегнувајте врела вода. За здрава и убава кожа пожелно е да се миете со студена а туширате со млака/топла вода.