По повод 27 март – Светски ден на Театарот, репризно издание на претставата „Не се клади на енглези“ во Кавадарци
22.03.2021
По повод 27 март Светскиот ден на Театарот, во сабота, со почеток од 19:00 часот, театарот при Дом на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, репризно ќе ја изведе претставата “Не се клади на енглези“.
Оваа комедија е работена според текстот на Владимир Ѓурѓевиќ, адаптацијата и режијата се на Диме Коцевски. Во неа играат: Диме Боцев, Видан Станоев и Диме Коцевски. Суфлер, Сашко Орешков и техничка и сценска поддршка е тимот на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“.
Поради пандемијата од Ковид-19, бројот на публика во салата е ограничен односно 30% од капацитетот на истата. За време на претставата задолжително е почитување на воведените мерки, користење на заштитна маска како и седење на одбележани столчиња.
Влезниците за претставата се по цена од 100 денари и ќе бидат во продажба на билетарницата на Домот на културата, пред почетокот на претставата, од 18:00 до 19:00 часот со задолжително оддржување на растојание.
Стефани Манева