СДСМ: „Поради неспособноста на локалната власт Кавадарци е со најлоша патна инфраструктура“
Од општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска упатија обвинувања на адреса на градоначалникот Александар Панов дека во изминативе два мандата не реализирал голем дел од ветените проекти.
Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев рече дека Панов и ВМРO-ДПМНЕ немале никакво право повеќе да им ветуваат на граѓаните било што.
„Се наоѓаме на градскиот пазар во Кавадарци. На ова место, според ветувањата на Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ, требаше да биде изграден затворен пазар и деловно-трговски центар. Но, затворен пазар никогаш се изгради. Исто како што не беше изграден ниту Подземниот коридор, ниту кејот до Брушански мост а нема ништо ниту од рекнструирање на главните улици и влезовите во градот“ рече Ѓорѓиев и нагласи дека за цели два мандата не бил направен ниту еден суштински проект кој би го унапредил животот во Кавадарци.
Поради неспособноста на локалната власт, според Ѓорѓиев, Кавадарци денес бил еден од најзагадените градови во Македонија и истовремено град со најлоша патна инфраструктура.
„ Затоа на Кавадарци му се потребни промени и и тие ќе се случат наскоро. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и на локално ниво. Кавадарци ќе добие локална власт која ќе работи единствено во интерес на граѓаните“ додаде претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци./A.Д