„Ферментација“ изложба на дела на Лазар Дојчиновски во Кавадарци
Објавено на 5 септември, 2018 во 15:13
Самостојна изложба на Лазар Дојчинов од Кавадарци, насловена како “Ферментација“, ќе биде отворена во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во четврток на 6 септември со почеток во 20 часот.
Изложбата се организира по повод чествувањето “7-ми Септември“ празник на општина Кавадарци и „8-ми Септември“ Денот на независноста на Република Македонија и во чест на гроздоберските случувања кои се одржуваат во Кавадарци.
Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци./А.Д