Ниту дождот не ги спречи велешани да уживаат на третата вечер од ИФФ 2022 (видео)
Полната сала со граѓани во ООУ „Блаже Конески“ е доказ дека ниту лошите временски услови не можат да ги спречат велешани да уживаат во играта и песната којашто ја прикажуваат нашите гости и домаќини.
Аплауз, разновидни носии, традиционални игри и песни беа дел од третата фестивалска вечер.
Гостите задоволни, насмеани и распеани скоро, два часа, ги претставуваа своите традиционални игри и песни пред велешката публика.
Утревечер, со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Младински парк, ќе биде одржана и последната вечер од ИФФ 2022. Доколку временските услови не дозволат истата ќе биде одржана во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“.
Во продолжение погледнете ја третата фестивалска вечер доловена преку камерите на Дума.мк и уживајте.
Стефани Манева