Зголемен бројот на болни од грип во Кавадарци
Минатата недела се евидентирани најмногу нови заболени од грип оваа сезона. Лекарите велат дека зголемениот број на грипозни се должи на честите промени на времето. И понатаму најпогодени се лицата на возрасто од 15 до 64 години.
„Минатата недела имаме регистрирано 431 лице заболено од грип. Вкупната бројка оваа сезона е 1041 заболен. Не станува збор за нешто алармантно. Сме имале години и кога бројот бил далеку поголем“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Тој нагласува дека оваа сезона е карактеристично тоа што помасовно вируост на грип започна да се шири подоцна.
Поради најавите на метеоролозите за затоплување, а потоа и за нов поладен бран, епидемилозите велат дека ширењето на грипот ќе продолжи.
Лекарите препорачуваат да се внесуваат повеќе течности и витамини. Да се избегнува непотребен контакт со веќе заболени./А.Д