Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

teatar1 fin

Во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес во тек се подготовките на најновата театарска продукција „Слуга на двајца господари“ од италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов.

„Слуга на двајца господари“ е една од најпознатите и најпопуларни комедии во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата на комедијата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

„Слуга на двајца господари се издигнува над површното ниво на едноставно карикирање на типизирани ликови сведени на општи драмски места, туку станува длабока општествена и критична, а понекогаш и цинична драма, која низ смеа ги провоцира и прашува гледачите за стварноста во која живеат“-потенцира режисерот Витанов.

Сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева, а во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П.Панчиќ, Кристијан Саздовски, Симона Димковска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Весна Димитрова Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов.

Ова е трета продукција од годинашната програма на театарот поддржана од Министерството за култура, а премиерата се очекува кон крајот на месец октомври./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново