Афористичар Коки: „Родители, обидете се своите деца да ги воспитувате барем во паузите на турските ТВ серии“
Родителите, политичарите, сопругите и мажите, се повторно доминантни во новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. И овој понеделник започнете го со насмевка!
-Родители, обидете се своите деца да ги воспитувате барем во паузите на турските ТВ серии.
-Денес, за жал, има многу повеќе глувонеми по венчавката, отколку…по раѓањето.
-Некои политичари се толку многу задоволни од позициите што ги заземаат во општеството, што сега не би се менувале ниту самите со себе.
-На сопругата на соседот и влезе некој ѓавол, а нему му останаа…роговите.
-Мојата колешка целиот свој живот го посвети барајќи го вистинскиот маж: не престана да го бара ниту тогаш кога се омажи.
-Многумина луѓе сопругите си ги носат во срцата, а љубовниците во обете раце.
Афористичар
Никола Бошков – Коки