Афористички неделен поздрав на Никола Бошковски – Коки

Објавено на 29 мај, 2023 во 10:42

Прочитајте ги најновите шест афоризми за оваа седмица на нашиот афористичар – соработник Коки и понеделнички насмејте се. За убав почеток на неделата.

„Благодарение на хороскопот, многу девојки стапиле во брак..како ДЕВИЦИ.

Наместо да не опкружуваат зелени површини,паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас никнува само плевел и трње, човечко трње.

Не сум далтонист,но некои актуелни  политичари постојано ги гледам ЦРНО.

Некои бродови никогаш не би впловиле во брачните пристаништа, ако притоа не биле соочени со некоја хаварија.

Големите уметници во сексот, секогаш го изведуваат својот исклучителен настап…на БИС!

Многу луѓе во бракот наликуваат на фудбалските судии, делат правда, но најчесто го извлекуваат подебелиот крај.“

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.