Иселеници и Општина Чашка во село Мелница за прв пат организираат културно уметничка манифестација
Промоција на документарен филм за село Мелница, дефиле на фолклорни друштва, интерпретатори на традиционална музика и концерти на фолклорни друштва се дел од културно уметничката програма што во рамките на првата „Мелничка иселеничка средба“ ќе се одржат во ова село во Општина Чашка. Учество ќе земат и познати македонски естрадни уметници како што се Благоја Грујовски, Елена Велевска, Зуко Нурчески, Далибор Даки Ѓошиќ и групата Круна. Настанот има фестивалско дефиле во коешто ќе учествуваат КУД „Тодор Јанев“ од населба Чашка и фолклорните друштва „Ростуше“ и „Новак“ од центар Жупа.
Првата „Мелничка иселеничка средба“ ќе се одржи во понеделник, на 31 јули, со почеток во 20:00 часот, на спортскиот терен на ПОУ „Тодор Јанев“ во село Мелница.
Организацијата на овој културен настан се здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ Мелница и „МАК – МЕЛ“ од Швајцарија. Поддржувачи се Општина Чашка и Министерство за култура на Македонија.
Организаторите ги покануваат граѓаните на Општина Чашка и соседните општини да бидат гости на оваа културна манифестација.
Стефани Манева