Неготино доби своја монографија
Во чест на празникот на градот 8 ми ноември беше промовирана монографијата “Општина Неготино“, капитално дело во кое авторот проф. др Ѓорѓи Малковски низ текстови и фотографии зборува за историјата на Неготино.
-„Добрата регионална поставеност на општината од нејзиното создавање па до денес претставува примарен фактор за економски и општествен развој. Посебно внимание авторот посветува на образованите,културните,здравственитецрковните,бројните спортски настани како и култуно забавни активности кои давале значаен белег на општината“,рече промоторот на книгата проф.др Кирил Цацков.
Според Цацков авторот се задржал на образованието на големиот бриј училишта кои постоеле овде и желбата на неготинци да ги школуваат своите деца.
-„Ова е една книга која е сеопфатна и во која се елаборира период од скоро 2500 години, богата и дава пресек на она се што значело Неготино во минатото Неготино во сегашноста. Не можам да тврдам дека овде се е опфатено но ќе биде база за наредните пишувања за гардот и база за некои идни пишувања“,рече авторот проф.др Ѓорѓи Малковски.
Според авторот,на 400 страници се дадени премногу настани,лични случувања кои би биле поттик и за идните автори да вадат делови од неа и тие да дадат соодветен лик на општина Неготино.
-„Успеав да дадам се она што имав од пишан збор и фотографии и ќе кажам дека првпат во 2000 години постење на ова населено место е објавена книга. Досега општина Неготино нема никакво издание и се надевам дека оваа монографија која е најголема од ваков вид во Македонија ќе биде поттик за да го заинтригира секој граѓанин да се запознае со историското минато на овој прекрасен град“,изјави Малковски.
