За Македонија и за Македонците!
Три години од истражувачката дејност, академик Горан Калоѓера, посвети на најпротивречниот и недоволно истражен Македонски 19 век.
Македонија постои и постојат Македонци со свој идентитет, јазик, култура и традиција објави во книгата што неодамна ја издаде овој светски познат и признат Македонист од Хрватска, редовен професор на катедрата за нов хрватски јазик на Филозофскиот факултет во Пула. Ова е ретка книга која доаѓа од странски автор кој во моментов е најзначајниот Македонист во областа на литературата и во неа расфетлува многу важни прашања за македонската опстојба, рече на промоцијата во Велес, др Васил Тоциновски, професор на лекторатот за македонски јазик на Универзитетот во Риека.
„Тој соопшти конкретните ставови и оценки кој се многу значајни за македонското прашање. Нив академик Горан Калоѓера ги гледа во еден квантитет, во една традиција и пишува дека тие не му припаѓаат никому освен на македонскиот народ и македонската нација, на македонскиот јазик и македонската култура“
Македонецот не е ниту Србин, ниту Бугарин ниту Грк туку само Македонец со свој идентите и јазик, објави во книгата Македонскиот 19 век, академик Калоѓера.
„Јас на хрватскиот факултет во Риека предавам за Хрватскиот 19 век но истовремено и истовремено компаративно го проучувам и 19 век на Македонија. Ако се земе во предвид дека триесет години темелно го пручувам и истражувам овој македонски период тогаш ќе соопштам дека се што е значајно за Вас и вашата држава почнало да се случува во 19 век. Тоа е борбата за црквата, борбата за јазикот, борбата за националноста и борбата за ослободување што на крајот даде резултати во 20 век. Затоа јас на книгата и посветив три години од мојата истражувачка работа,“ рече Калоѓера.
За се што досега сторил за промовирањето на македонскиот јазик и култура, за итражувачката работа со која опфатил и значајни личности и настани во Велес како и за промоцијата на градот надвор од Македонија општина Велес на академик Горан Калоѓера му додели награда, 9-то ноемвриска благодарница.
Книгата 19 Македонски век на акдемик Калоѓера ја издаде Заедницата на Македонци во Хрватска. Тој е автор на преку стотина научни трудови. Горан Калоѓера е почесен конзул на Македонија во Хрватска.
