Трет меѓународен натпревар на камерна музика!
Кавадарци, во четврток и петок, е домаќин на натпревар на камерни состави. Во малата кино сала на домот на културата „Иван Мазов Климе“ денеска се натпреваруваа седум различни состави со 45 учесници на 5 ментори педагози.
Стартот на натпреварот го означи лауреатот од минатата година, на домаќинот, ОМБУ „Лазо Мицев Рале“. Со своите народни оркестри на сцена настапија средното музичко училиште од Штип со два состави и гостите од Бољевац ,Р.Србија кои добија нагјолем аплауз.Потоа излегоа на градскиот плоштад и на случајните минувачи им подарија од срце неколку „српски свирки“.
Исто така на натпреварот учествуваат по два традициски состави од основните музички училишта во Кавадарци и Прилеп. Жирито кое ја оценуваше изведбата во двете категории го сочинуваа еминентни педагози и активни музички уметници. Според жирито и годинава на натпреварот има квалитетни изведби и голема конкуренција. Традициски состави се со одлична музичка изведба во секој сегмент. Како лауреат за посебна различна изведба на традицискиот натпревар е прогласен настапот на гостите од Бољевац во Србија, а доделени се и две високи први и една висока втора награда за составите на Кавадарци, Прилеп и Штип.
Натпреварот по камерна музика во Кавадарци денес напоредно се одвиваше и во големата кино сала.Таму музицираа дуо пијано учесниците од Велес, Скопје, Кавадарци, Штип и гостите од Софија,Р Бугарија.
Исто така ќе се натпреваруваат и трио состави од Скопје, Струга, Штип, Пожаревац од Србија и од Макарска, Хрватска.
