Неготинци добија можност да гледаат филмови на големо платно!

Објавено на 26 ноември, 2012 во 23:18

Националната установа Центар за култура  „Ацо Ѓорчев“ од Неготино доби нов дигитален проектор.Истиот е донацијата  од проектот на Министерството за култура  што го спроведува со цел да се вратат љубителите на филмската уметност во кино-салите и можноста да се гледаат  најновите филмски остварувања на големото платно.

 

Директорката на Центарот за култура, Мирјана Јованова рече дека е задоволна  што киното добило проектор од проектот со кој се популаризира  филмската уметност. И жителите на Неготино коментираат дека многу подобро би било публиката да се врати во кино салите отколку да размислува како да го помине слободното време. Неготинци со носталгија се сеќаваат на годините кога во редици чекаа да купат билет и во кино салата да гледаат добро филмско остварување. Сега  се надеваат дека во ова ново време почесто ќе се употребува популарната изрека, ајде на кино.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.