Новото кино ја враќа публиката во салата!

Објавено на 4 декември, 2012 во 23:44

Љубителите на филмските проекции на големо платно се вратија во кино салата. Потврда секако се проекциите на македонскиот филм “Трето полувреме”. Кавадарчани бараа влезница повеќе за проекциите и уживаа во традицијата. Подеднакво можеа да се видат млади но и граѓани од средната генерација.

Тие македонскиот филм го гледаа во првото 3Д кино во Македонија “Каос” кое неодамна во градот го отвори  повратник од Австралија. Засега добра е посетеноста на двете кино престави во денот,кои почнуваат во 18.30 и во 20.30 часот, велат вработените во киното. Задоволни се и  граѓаните бидејќи добија можност да гледаат филмови со висок технички квалитет. Според нив задоволува и понудата што се најде на репертоарот на градското кино.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.