Виолинистката Богданоска е единствената велешанка на специјализација во Виенската школа
Објавено на 7 јануари, 2013 во 13:36
Единствениот студент на Универзитетот за музика во Виена од земјава е дваесет и шест годишната Фросина Богданоска од Велес.
Врвни професори го препознале нејзиниот талент и на нивна покана таа веќе една година го надоградува своето образование. Ја сака музиката на современите композитори од 20 – ти век, но вели сега во Виена имам шанса да го учам она што е најбитното за еден виолинист, Моцарт и Бах.
За дума.мк отсвири еврејска импровизација на „Нугун“ на Ернест Блох, но и ја раскажа својата приказна за почетоците и плановите за иднината. Погледнете го интервјуто со Богданоска:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=sikcsYZqKCk&feature=youtu.be{/youtube}