Харис им приреди незаборавна вечер на велешани (ФОТО)
Со неколку часа пеење без прекин на песни кои порано но и сега се големи хитови на народната екс ју музика во убава атмосфера и расположение им приреди синоќа фолк пејачот Харис Џиновиќ на велешани кои дојдоа во поголем број на Градскиот базен во Велес.
И не беа само од Велес туку очигледно беше дека граѓани дошле и од соседните градови. Песните кои музичката ѕвезда ги испеа пред околу три децении а сеуште се големи хитови како и најновите од последните албуми ги знаеја повозрасните но и помладите. Заедно, подеднакво громогласно седумнаесет или седумдесет годишници, ги испеаја „И тебе сам сит кафано“ и „Муштулук“, „Како ми недостајеш“ и „Паришке капије“, „Дајте вина хочу лом“ и „Шта че мени више од тога“, „Тражи“, „Пролази“, „Рано је за тугу“ и десеттици други, кои самостојно или ги испеал со познати пејачи како Хари Мата Хари, Жељко Јоксимовиќ, Здравко Чолиќ и други.
Амбиентот покрај базенот поттикна многу гости и да заиграат, да се провеселат и да уживаат во убавите песни и изведби на Џиновиќ.