Со нова стручна литература збогатен фондот на локалната библиотеката
Сто деведесет и шест книги или 22 наслови од министерството за образование пристигнаа во локалната библиотека „Гоце Делчев“. Книгите се од едицијата на стручна научна литература и тоа од областа на медицината, уметноста, правото и религијата. Сега студентите и постипломците имаат можност уште повеќе да се информираат и едуцираат.
„Оваа едиција е најмногу барана и најмногу искористена од студентите и постипломците. Морам да кажам дека постои голема заинтересираност од нивна страна за оваа стручна научна литература,“ рече директорот Игор Крајчев..
Овие специјални изданија на книги велешани можат да ги искористат во читалната на библиотеката, додека дома можат да ги понесат само нејзините членови. Инаку во библиотеката за последниве пет години министерството за образование донираше вкупно 7.200 книги. Само годинава од оваа едиција се донесени над 350 книги./Д.С