Промовирана најновата збирка на афоризми „Кочење во тројка“
Автори се Димитар Вилазорски, Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски. Афоризмите објавени во книгата први ги слушнаа велешани кои синоќа беа во Ликовниот салон. „Кочење во тројка“ е симбоиличен наслов за тројцата автори кои афоризмите ги правеле на лице место, во кафеана или на улица. Некои се од пред педесет години, некои се од пред пет дена. Сите тие се посветени на велешанецот Блаже Темов кој неодамна почина и беше личен пријател на афористичарот Димитар Вилазорски.
Според авторите афоризмот зема се поголем замав во секојдневието на граѓаните и ги отсликува реалните случки преку хумор и сатира.
„Афоризмот и сатирата се жив хумор. Сепак го немаат вистинското место кое треба да го имаат во општеството. Додека го чита некој плаче, некој се смее, зависи од тоа кој како се чувствува и доживува во животот. Најлесно да се напише афоризам е за политичарите, а најтешко за новинарките“, рече афористичарот Вилазорски.
Велес е град кој ја има прифатено сатирата, велат авторите. Според нив таа е освежување во македонската литература.
„Мислам дека направивме добар избор. Напишавме книга која сметам дека ќе остави длабоки корени во македонската сатира, рече афористичарот Миле Горѓиојоски.
„Мислам дека на македонската литература и недостасуваат вакви дела и добро е што ние авторите направивме симбиоза од нашите афоризми, кои се надевам дека велешани добро ќе ги прифатат, “ рече афористичарот Васил Толевски.
За две недели ова е второ издание на едицијатата на македонската сатира. За кратко време светлото на денот ќе го здогледаат уште три книги со афоризми. Едната со ероткси афоризми насловена како „Три пати на ден“, втората „Во сатирата е вистината“ на авторот Миле Ѓоргијоски. Третата ќе излезе во септември и е со наслов „Подвижни мети“./Д.С