Започна саемот на книга во Кавадарци
Во рамки на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“, а по повод месецот на книгата во кавадаречката библиотека „Феткин“ започна саемот на книгата.
Почитувачите на пишаниот збор до 25 овој месец ќе можат да ја погледнат понудата на четирите издавачки куќи кои учествуваат на саемот, „Просветно дело“, „Матица македонска“, „Бегемот“ и издавачкиот центар „3“.
Актуелни наслови на саемот можат да се купат по намалени саемски цени. Годинава на саемот голема е понудата на литература за деца.
Покрај саемот, кој се обидува да ја добилижи книгата до читателот, во Кавадарци белетристика и литература за деца нудат само три книжарници. Во книжарницата на „Просветно дело“ се нудат сопствените изданија, во „Дирикон“ има понуда од околу 300 наслови, а 1000 наслови од речиси сите издавачки куќи во земјата можат да се најдат во книжарницата „Сплендит“./A.Д