Изложба на Мирјана Крстева Массети во Ликовен салон во Велес
Триесет и пет дела работени во акрил и цртежи во комбинирани техники на академскиот сликар од Гевгелија Мирјана Крстева Массети, се изложени во Ликовниот салон во Велес. Две и пол години и биле потребни да ги наслика делата за кои инспирација не црпи од надворешниот, туку од нејзиниот внатрешен свет.
„Секогаш постои тој да речеме ултра крик кој како автор му го покажувам на светот. Секое мое дело зрачи со многу љубов и се надевам дека таа љубов дава љубов. Тоа се нешта за кои сонувам на јаве, моите чувства, соништа броби и сето она што јас лично го преживувам и како јас ја живеам реалноста на еден поинаков начин“, рече Крстева Массети.
„Пред вас сега се наоѓаат дела на уметник кој што иако е масло на платно е доста колоритен и експресивен и многу сензибилен. Значи она што уметникот го доживува во секојдневниот живот тоа го пренесува и на платното така да ќе имате можност да видите една стварно добра изложба, рече директоркат на Музеј на град Скопје Љубица Кондијанова.
Изложбата во Велес е нејзина 20-та самостојна изложба. Мирјана Крстева Массети е член на ДЛУМ од 2010 година и добитник на награди и признанија, меѓу кои и на посебна награда ОСТЕН, Светска галерија на цртеж.
Изложбата е дел од манифестацијата „Велес град на културата за 2015“./Д.С