Македонскиот филм „Дедо и внук“, од вечерва, во „Киноверзум“ во Свети Николе
Вечерва, со почеток во 20 часот, во Киноверзум во Свети Николе ќе бде прикажан македонскиот филм „Дедо внук“. Кино претставата започнува во 20 часот.
После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан да оди во посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се сретнува со проблемите од неговото минато.
Илија Пиперкоски, е автор на сценариото за филмот. Тој успешно ја раскажува прекрасната приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.
Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.
Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент на флмот е Огнен Антов од „Друм фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“. Флмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, монтажата ја направи Данчо Стефков и автор на музката е Оливер Тевчев ./У.Ј