Во Ликовен салон Велес ќе излага академскиот вајар од Велес, Илчо Стојановски Илко
6.12.2020
Изложбата е Проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура, во реализација на одделението за Историја на уметноста, ЛУ Народен музеј Велес
Илчо Стојановски, средно уметничко училиште завршил во Скопје. Дипломирал на ФЛУ Скопје на отсек керамика во класа на проф. Драган Поповски -Дада
Стојановски е добитник на наградата на Општина Велес за најдобар просветен работник, во учебна 2008/2009 како вработен наставник по ликовно образование во ООУ „Св.Кирил и Методиј“.
Изложбата што во Ликовен салон во Велес, ќе биде отворена во среда на 9 декември, со почеток во 12.30 часот. Тоа е втора самостојна изложба на Стојановски. Илко досега учествувал на голем број групни изложби и колонии, добитник е на поголем број награди и признанија.
Поради мерките и протоколот за пандемијата од Ковид 19, посетата ќе биде ограничена.
Стоилко Андреевски