Триумфален настап на македонскиот стрип во Ваљево, соседна Србија
19.01.2021
На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево,традиционално на дел од наградите добитници се македонски автори.
Жирито во состав Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за уметност на стрипот, Дејан Богојевиќ, мултимедијален уметник и Ана Новаковиќ, историчарка на уметност едногласно одлучија во конкуренција на стотина автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада да и доделат специјална пофалница за педагошка дејност да му доделат на здружението Стрип центар на Македонија од Велес.
И тоа не е единствената награда на македонскиот стрип и стрип автори.
Првата награда за стрипот „Приказна за безбојното мече” им припадне на Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери, обајцата по потекло од Штип. За истиот стрип авторите само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип салон во Велес.
Со награда се закити и Ѓорѓи Антевски од Куманово. За стрипот „Катарза”, нему му е врачено признанието за најдобра ликовност.
Признание за најдобар млад автор освојува Ангела Петрушевска од Скопје, за стрипот „Приказна за животот и смртта”.
Како што извести организаторот „Арт група Акт”, годинава, гран-при наградата на Ваљевскиот стрип фестивал му е доделена на Душан Рељиќ. Второнаградени на конкурсот се Стефан Круниќ и Вукашин Митровиќ, а третото место им припадна на стрп авторите на Марко Стојановиќ и Марко Серафимовиќ. Душан Вукојев е добитник на наградата за најдобро раскажување, Невена Марковиќ за најдобар цртеж, а Миодраг Кулиќ е прогласен за најдобар во категоријата сатира.
Стефани Манева