Коки: „Кога би ме љубел, како што студира, тогаш нашата љубов би била вечна“

Објавено на 11 септември, 2023 во 11:16

Прочитајте ги новите шест афоризми инспирирани од љубовта и напишани од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки, кои сигурно ќе предизвикаат насмевка на вашето лице.

Ех, кога би можел да го сретнам оној идиот, кој рекол дека постојат евтини жени.

Штом на собраниската седница ќе се отвори некоја РАСПРАВА, политичките опоненти започнуваат недолично да се однесуваат, беспоштедно и беспримерно да се РАСПРАВААТ.

Кога би ме љубел, како што студира, тогаш нашата љубов би била вечна.

Само наивните мажи во бракот го превртуваат другиот лист, мудрите ја превртуваат…сопругата.

На љубовната средба девојката нема причина честопати да гледа во часовникот, штом партнерот ќе започне да ги откопчува панталоните, се знае колку е часот.

-И во љубовта, и во многуте спортови, највозбудливи моменти се последните.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.