Македонскиот стрип со изложба во Гаково, Република Србија
Изложбата насловена „Современи македонски стрип автори“ официјално ќе биде отворена, денеска, со почеток во 19:00 часот во Домот на културата во Гаково, Република Србија. На изложбата ќе има над 40 стрип табли изработени од стрип автори од Северна Македонија, од различни жанрови, со што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со се што е моментално најактуелно на македонската стрип сцена.
– Се работи за истата поставка која беше изложена за време на 8. Интернационален фестивал на стрипови и фантазија во Сомбор , на којшто и самиот присуствуваше.Застапени се стрип артисти ширум Македонија : Ангела Петрушевска –Скопје , Дамјан Шокев -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Демир Капија, рече Томе Трајков, програм координаторот на Стрип Центар на Македонија – Велес.
Како сценаристи на повеќето од делата застапени се Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков и Ѓоре Гелев од Велес, како и Александра Ристески и Војдан Андонов од Скопје. Во дизајнот на плакатот за оваа изложба учествуваше Методија Стојановски од Куманово.
Приредувач и селектор на изложбата е Томе Трајков, програм координатор на Стрип Центар на Македонија-Велес, а изложбата е поставена во рамки на осмиот Интернационален фестивал на стрипови и фантазија во Сомбор, кој е поддржан преку проектот „Култура за демократија“ на швајцарската влада и имплементиран од Фондацијата Heartefact, како и од страна на Градот Сомбор.
Дополнително, уште две вакви узложби ќе бидат организирани од страна на Клубот на љубители на стрипот – Сомбор. Исто така, меѓународната соработка на Стрип центарот на Македонија ќе се прошири преку нови проекти.
Стефани Манева