Локвенец: „Да го вратиме достоинството на граѓаните“
Објавено на 11 април, 2014 во 14:48
„Да го вратиме достоинството на граѓаните и да докажеме дека вистински ја сакаме Македонија. Не е време за поделби. Нашиот најголем заеднички проблем е сиромаштијата.Затоа зачекоривме по нов пат со нова програма за посреќни граѓани. СДСМ има визија за поинаква Македонија. Македонија со која сите ќе се гордееме, мајка на сите граѓани. Да кажеме стоп на неправдите и социјалната нееднаквост“ порача од Росоман денеска носителот на листата во четвртата изборна единица на СДСМ, Хари Локвенец.
Повика во недела граѓаните да излезат на гласање и да ја даделе подршката за претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, бидејќи државата заслужувала вистински претседател./A.Д