Пет најбизарни дезинформации за вакцините во 2021 година

Објавено на 17 декември, 2021 во 14:47

Здравствените власти нарачаа големи количини вакцини против ковид-19, без притоа да знаат колку од граѓаните во земјава се заинтересирани да ги примат. На почетокот од вакциналната кампања се вакцинираа оние граѓани кои сакаа да го сторат тоа, а потоа почна трката меѓу антивакциналните дезинформации од една страна и обидите тие да се сузбијат со официјални и точни информации од друга страна. Во текот на сите месеци додека трае имунизацијата против ковид-19, не престануваат и лажните наративи околу нејзината безбедност, ефикасност, состав, компликации кои наводно ги предизвикува. На крајот од годината ги издвојуваме најбизарните пет антивакцинални наративи споделувани на социјалните мрежи

Пишува: Мирослава Бурнс

1. ПОЛИТИЧАРИТЕ И БОГАТИТЕ СЕ ПРИВИЛЕГИРАНИ, ПА ЗАТОА ПРИМААТ ПЛАЦЕБО ИЛИ ВООПШТО НЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ

Во текот на годината, на Фејсбук вриеше од лажни постови, на кои беа прикажувани политичари, пејачи од цел свет на видеоматеријали како ја примаат вакцината, меѓутоа иглата од шприцот е безбедносна и се повлекува, па затоа кога ќе се отстрани од рамото, не се гледа. Ова беше доволно за заговорниците на антивакцинални наративи да заклучат дека вакцините се вистински за сиромашните и обичните граѓани, а богатите, славните и влијателните моќници не ги примаат.

Но, дополнителното истражување на овие видеоматеријали кои беа споделувани во лажен и погрешен контекст, речиси секогаш покажа дека вакцинацијата е вистинска. Политичарите и јавните личности се вакцинираа пред камерите затоа што на таков начин сакаат да дадат пример за останатите луѓе во своите држави, односно да ги охрабрат да се имунизираат. Примери каде политичари беа злоупотребувани односно клеветени дека не се вакцинирани, веќе рецензиравме за белгискиот политичар Барт Сомерс, австриската пратеничка Ева Марија Химелбауер која што иако се вакцинираше и против грип и против ковид-19, како бремена жена во поголем ризик од ковид, сепак заврши во дезинформациски контексти.

За директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, исто така, лажно се тврдеше дека не се вакцинирал со вакцината на компанијата што ја води, само за да се создаде сомнеж во безбедноста на вакцините. Но, директорот  Бурла е вакциниран уште во март месец.

Дури и психијатарот Александро Мелуци тврдеше дека му понудиле лажно да се вакцинира, ама ги одбил зашто не сакал да си ја извалка кармата. Меѓутоа, неговата лажна изјава ги вознемири политичарите кои му реплицираа дека дури до Дубаи биле да се вакцинираат кога немало вакцини во нивната земја и дека тој не ја говори вистината.

Имаше и случај кога аргентински лекар кој најрегуларно се вакцинирал, беше обвинет дека манипулирал со вакцината, односно дека примил две дози во ист ден (само за пред камери), иако тоа не беше точно.

И пејачката Мараја Кери не ги избегна нелогичните обвинувања дека лажно се вакцинирала и тоа пред камерите, иако сите вакцини кои се администрираат имаат свој сериски број и код кој влегува во вакциналниот сертификат.

2. ВАКЦИНИТЕ ВЕ ПРАВАТ МАГНЕТ

Метални лажици, монети и други најразлични предмети, почнаа да се појавуваат залепени на рамото на лица кои се снимаа на социјалните мрежи после наводна вакцинација. Нивното униформно тврдење беше дека од вакцините станале магнетни, па затоа на рамото сега може да лепат метални предмети.

Оваа бизарност дополнета со лагата дека во вакцините има магнетни микрочипови, предизвика и сатирични реакции но имаше и граѓани кои поверуваа. Вакцините на ниту еден производител не содржат метали. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен за да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.

Дури и девојката која го почна предизвикот на Тик Ток за лепење на вакви предмети на рамото, за Би-Би-Си изјави дека ,,луѓето треба да престанат да веруваат во се што ќе видат на Фејсбук, Јутјуб или на Тик Ток”, додавајќи дека сето тоа било шега и го повлече видеото. Нејзиното извинување може да го погледнете со почеток на 2 минута на ова видео. Но, беше предоцна, бидејќи предизвикот на лепење метални предмети и дезинформациите дека тие се лепат на рамото поради вакцината против ковид, веќе зеде залет и покрај исклучителната невистинитост која ја промовираше овој тренд.

3. ВАКЦИНИТЕ СЕ ОПАСНИ, ПА ТРЕБА ДА СЕ ЧИСТАТ ОД ТЕЛОТО СО ПОСТ НА ВОДА И СУРАМИН

Имаше и тврдења дека откако ќе ја примите вакцината против ковид-19, уште ,,имате време да се спасите од нејзините штетни ефекти” на начин што ќе практикувате немедицински, опасни и небазирани на докази практики, како постење на вода во времетраење од 40 дена, или земање лекарства на своја рака.

Ваквата немедицинска препорака беше дадена за лекот „Сурамин“, којашто беше брзо демантирана од страна на медицински експерти и граѓаните беа предупредени на своја рака да не земаат никакви лекарства за наводни несакани ефекти после вакцинација. Најчестите несакани ефекти вклучуваат болка во рамото, главоболка, болка во телото, температура кои траат еден до два дена по што се повлекуваат и се знак дека телото создава имунолошки одговор на вакцината.

Под премисата дека во вакцините има некакви ,,токсини”, се препорачуваше и наводна детоксификација со 40 дневен пост на вода, кој не е медицински оправдан. Пролонгиран пост на вода во времетраење од 40 дена не би требало да се спроведува без медицински надзор. Во 2011 година, пациентот Џонатан Кам почина после 32 дневен пост на вода. Студија на овој линк, покажува дека негативните ефекти на постот на вода се замор, проблеми со срцето и нерегуларно срцебиење, висок или низок крвен притисок, болки во стомакот и вртоглавици. Долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и чувство дека ви е ладно, промени во расположението. Во светот не постои ниту едно истражување, ниту една препорака од официјално медицинско тело, вклучително и СЗО, Американската агенција за храна и лекови, Европската агенција за лекови, ниту пак, каков било научен став, дека после вакцина е потребна каква било детоксификација, а уште помалку со 40 дена пост на вода. Овој „изум“ – 40 дневно постење на вода, претставува опасен метод, којшто не треба да се спроведува од кого било без медицински надзор и без консултација со лекар.

4. ВЕРНИЦИТЕ СЕ „ЗА“, А НЕВЕРНИЦИТЕ „ПРОТИВ“ ВАКЦИНАЦИЈА

Религиските чувства и верските определби на граѓаните, честопати беа доведувани во корелација со вакцинацијата во еден лажен наратив, дека верниците се против, а неверниците за вакцинација. Ова се разбира не е точно, а го потврдува и фактот што бројни религиски организации и нивните челници препорачаа вакцинација за своите верници по сопствена желба и лично убедување. Верските чувства на граѓаните беа користени и како оружје да се напаѓаат оние кои решаваа да се вакцинираат со тезите дека го примиле жигот на ѓаволот и дека му се потчиниле. Имаше постови на Фејсбук во кои се тврди дека ,,Исус е против вакцинацијата” и покрај тоа што  овој јавен повик од страна на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква покажува дека ниедна верска заедница од овие три не е против вакцинацијата.

По средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископијa aрхиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на Исламската верска заедница Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, Владата соопшти дека сите поглавари ја поддржуваат вакцинацијата против ковид-19. Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето. Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.

5. ОД АВИОНИ НÈ ПРСКААТ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во 2021 година провејуваше и дезинформацијата дека коронавирусот се прска од авиони и како „доказ“ за тоа се прикажуваа вообичаени видеа од патнички авиони во лет, кои зад себе оставаат траги на кондензација, односно контрејлс. Пилотот Дејан Саздовски за телевизијата „Канал 5“ објасни дека не е можно состојка да се аплицира од лет во авион на минус 54 степени од 10 километри висина (4 минута 50 секунда од видеото). Тој рече дека не е можно физички тоа да се случи, а белите линии на авионите се најнормална појава на термодинамика, поради тоа што има разлика меѓу температурата на авионот и надворешната температура. Авионите летаат на минус 54 степени а температурата на издувните гасови е 800 степени, поради таа температурна разлика се создаваат белите линии позади авионите. Пилотот Саздовски рече дека кога некој би правел прскање, на толку голема територија би му требале илјадници авиони.

Коронавирусот, пак, како што е познато, се пренесува на растојание помало од два метри преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Не се прска ковид од авиони.

Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“.

Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница. Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објави извештај откако ги прегледа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet