Без вода денеска три улици во Велес
Објавено на 3 февруари, 2022 во 10:12
Поради неопходни работни активности на водоводна линија прекин на водоснабдувањето ќе има на три улици во Велес, соопштија од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил.
Од 10:30 часот без вода ќе бидат улиците Костурска, Мирка Гинева и Пајак Планина до завршување на работите.