На регионалниот пат Гевгелија-Скопје, полицијата вчера, во товарно моторно возило марка “Форд Транзит“ во близина на тунелите кај Демир Капија откри 38 мигранти. Триесет и пет од Пакистан и тројца мигранти од Индија. Тие седеле во задниот дел на камионот предвиден за товар кога биле откриени на локација во близина на базата на “Актор“. Мигрантите биле на возраст од 17 до 41 година.

Четириесет и пет годишен маж од Демир Капија е повреден откако го нападнало домашно куче на улицата „Партизанска“.

Жителите на демиркапијското село Чифлик се против изградба на хидроцентрала во селото. Тие излегоа на протест и се децидни дека централата немала економска оправданост, а нејзината изградба лошо ќе се одрази на состојбите во селото.

Седумдесет и едногодишниот С.П од градот Дечин во Чешка, вчера претпладне го започнал искачувањето по карпите во демиркаписката клисура. Неколку часа подоцна било пријавено неговото паѓање во полициската станица во Неготино.

Седумдесет и две годишниот Б.Т од Велес утринава го загуби животот, откако во него удрило моторно возило. Од МВР информираа дека сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6 часот во Демир Капија на улицата „Партизански одреди“.

Текот на гласањето во Тиквешијата и понатаму е без посериозни забелешки за нерегуларности. Од МВР информираа дека едно лице е лишено од слобода бидејќи гласал во име на сопругата. Овој настан го расчистува полицијата.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново