Двајца работници на „ТЕЦ Неготино“ краделе турбинско масло, од Неготинец одземени пиротехнички средства и две тепачки во Велес
Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе осомничи и поднесе кривична пријава за кражби против двајца работници на АД„ТЕЦ Неготино“. Осмоничените Д.Д.(40) и Р.Ј.(63), двајцата од Неготино, кражбите ги сториле пред шесет месеци. Поточно тие во месец јуни годинава, во повеќе наврати преточувале турбинско масло од резервоар од кругот на АД „ТЕЦ Неготино“, по што Д.Д. со своето возило во пластични туби го носел во својот дом.
Завчера, 28 декември, 2022 година со наредба на Основен суд Кавадарци, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Неготино извршиле претрес во домот на М.В.(47) од неготинско село. При претресот, биле пронајдени и одземени 744 парчиња разновидни пиротехнички средства. Според полицијата по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Полицијата,исто така, информира и за две тепачки кои се случиле во Велес. Првата се случила вчера, околу 13:45 часот кога О.Р.(41) од Велес пријавил дека во училише во градот бил физички нападнат неговиот малолетен син. Детето го нападнал соученик а на нападот му претходела кратка расправија. Втората тепачка се случила час рано утринава, поточно половина по полноќ, кога Г.П.(38) од Велес пријавил дека пред угостителски објект во градот по кратка расправија, бил физички нападнат од едно лице.
Од Секторот за внатрешни работи Велес информираа дека се работи на расчистување на двата случаи на пријавени физички пресметки.
Убавка Јаневска