(фото) Уапсена група на мажи на Пашин мост, превезувале два кг марихуана
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, по претходни сознанија и преземени мерки и активности, вчера, во 13:50 часот, на Пашин мост, пред Велес, ги лишеле од слобода педесет и четири годишниот Ѓ.П од село Ореше, четириесет и седум годишниот И.М од Струмица, десет години помладиот Х.М од Кочани и четириесет и шест годишниот Р.Г од село Богомила.
-Полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк