Пренасочен сообраќајот по стариот пат Градско наместо по автопатската делница
Објавено на 9 ноември, 2015 во 09:26
Денеска и утре, од 5 до 18 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од атопатот А1, делницата од мотел „Македонија“ до Градско, Поради потребите за снимање на францускиот филм „А фонд“ . Автомотосојузот на Македонија ја соопшти информацијата по известување од продукцијата „Мануфактура“ која го снима филмот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат преку Градско.
Во исто време АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата./У.Ј