Без резултати од две гласачки места во Градско води кандидатот за Градоначалник Бешовски
Објавено на 29 октомври, 2017 во 20:57
Општинската Изборна комисија во Градско засега располага со резултати од 9 од вкупно 11 избирачки места според кои кандидатот за Градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ, Роберт Бешовски освои 666 гласови наспроти кандидатката на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Жанета Чаушевска, актуелна градоначалничка, која освои 502 гласови.
Според претседателката на ОИК Градско, Мери Димова до полноќ ке ги имаат резултатите и од преостанатите две избирачки места .
Во Градско денеска правото на избор на Градоначалник можеа да го искористат вкупно 3147 граѓани кои се евидентирани во Единствениот избирачки список на вкупно 11 избирачки места./У.Ј