Бешовски: Го преполовивме наследениот долг, донесвме прв ГУП, оформивме индустриска зона, од Владата го добивме ресторанот „Стоби“ и го решаваме проблемот со водата за пиење во Општина Градско
Од сопствените приходи, за една година, Општина Градско го намали долгот за 100 илјади евра и се спаси од банкрот. Со враќање на наследените долгови, општината, продолжува штом на нејзината жиро сметка Владата ги префрли доделените неповратни и наменски 221 илјади евра. Така ќе се преполови вкупниот наследен долг од 600 илјади евра, соопшти градоначалникот Роберт Бешовски.
– Најголем фокус по превземањето на функцијата посветив на враќањето на долговите на општината која беше на работ на банкрот со блокирана сметка. За да може да се развива едно населено место, да се градат патишта и улици, да се создаваат услови за развој на стопанството, да се привлечат инвеститори, основно е да се има урбанистички план. Овој клучен документ Градско до сега го немаше и не можеше да аплицира за добивање грантови и кредити. Затоа Градско со години стагнираше во развојот. И оние што сакаа да ни помогнат не можеа да го сторат тоа. Посветивме многу време и труд за оваа цел и конечно, овој состав на Советот на Општина Градско го донесе урбанистичкиот план. Сега граѓаните можат да ги дооформат дворните површини, да ги приклучат новите објекти на електрична мрежа за многу поефтина цена, општината може да издава градежни дозволи, да отуѓува градежно земјиште и да ја развива инфраструктурата, рече градоначалникот Бешовски.
Свечена седница по повод Денот на Општина Градско
Општината по донесувањето на ГУП-от ја започна изработката и на планската документација за оформување на индустриска зона. Имајќи ја предвид географската положба на општината, комуникациските врски со регионални и меѓународни патни мрежи и железничката пруга сега се очекуваат првите инвеститори, домашнии и странски, што ќе овозможи планирање на економскиот развој на Градско.
-Изработивме и аплицириавме два проекта во министерството за транспорт и врски за средства во висина до 300 илјади евра одобрени средства преку европска инвестициона банка и тоа за подобрување на водоснабдувањето за населба Градско – изградба на потисен цевковод од бунарот кај Улански мост до резервоарот за вода во Градско и изградба на нализациона мрежа за населба стопанство. Проектот за канализација е во фаза на консултации и ќе треба да направиме измена на проектната документација за да можиме да почниме напролет со реализација на овој проект многу важен за жителите на наслеба стопанство во Градско, рече Бешовски.
Градоначалникот исто така соопшти дека општината конечно најде решение и за проблемот со недостаток на вода за пиење за населбата Градско.
-Направивме испитување и откривме добра локација за бушење за вода и обезбедивме средства во висина од 10 илјади евра во вид на донација. Локацијата се наоѓа над фармата на „Агрија“, покрај патот за село Чичево каде во непосредна близина ќе се спои и со цевководот кој води од село Горно Чичево до резервоарот во Градско. Исто така на крстопатот на патот за село Горно Чичево и Манастирот ќе се спојат цевководот од село Горно Чичево со цевководот за резервоарот за село Долно Чичево и таа вода ќе се користи само за двете населени места со што ќе го решиме проблемот со недостатокот на вода и за Долно Чичево. Со донацијата за бушење ќе се реализираат две бушотини, претходно споменатата за населба Градско и втората за село Водоврати, со што ќе го решиме и долгогодишен проблем со вода за пиење на житеелите од ова село, додаде Бешовски.
Проектот бушење за населба Градско, е во фаза на реализација, агажирана е фирмата изведувач која го подготвува теренот и опремата за работа. Исто така во првата година од работата на Градоначалникот Бешовски изработена е техничка документација за изградба на улици за сите населени места во должина од 2.500 метри.
– Средствата ги обезбедивме од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа во висина од 345.904,00 ден. Изработивме техничка документација за изградба на канализациона мрежа за три населени места, Подлес, Горно и Долно Чичево за која обезбедивме средства од Министерство за животна средина во висина од 300.000 ден. Ќе споделам уште една убава вест за Општина Градско која се однесува на одлуката на Владата на РМ со која правото на сопственост на мотелот „Стоби“ кај Градско да го пренесе на Општина Градско. Општината веќе има заинтересирани инвеститори кои на овој простор ќе изградат современ комплекс со мотел, терминал, паркинг и објект за продажба на локални земјоделски производи, додаде Бешовски.
Стариот мотел „Стоби“ на излезот од населба Градско
Сега општината го очекува својот препород особено наменет за сопствените граѓани бидејќи остварувањето на придобивките како што се слевањето на средства во општинската каса ќе овозможат реализирање на инфраструктурни проекти, отворање на нови работни места, развој на транзитниот туризам или причини зошто почесто ќе треба да се посетува и престојува во Градско./У.Ј