Извлечен машки труп од Вардар кај поранешната фабрика ХИВ
Објавено на 7 јули, 2020 во 20:10
7.07.2020
Oд водите на реката Вардар, во близина на поранешната фабрика за вештачко ѓубре ХИВ, попладнево, после 14 часот бил извлечен машки труп. Локацијата според рибар е јужно од фабриката во близина на Градско. Тој го пријавил случајот во полиција.
Освен полициска екипа на лице место биле повикани и пожарникарите од ТТПЕ Велес кои асистирале при вадењето на трупот.
Информацијата ја потврди и командирот на ТТПЕ, Љупчо Лeпидовски.
Трупот бил закачен на гранки покрај речното корито. Местото било тешко пристапно. Се интервенирало прво на расчистување на гранките а потоа и на извлекување на трупот.
Увид направила и екипа на крим техника на СВР Велес.
Има сомнежи но засега не се знае точно идентитетот на извлечениот труп./У.Ј