И покрај казните, граѓаните не носат заштитни маски
Објавено на 27 мај, 2021 во 15:22
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека во последното деноноќие полициските службеници казниле 44 граѓани кои не ја почитувале Уредбата за носење на заштитна маска. Од нив 16 се велешани, 25 кавадарчани и тројца неготинци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева