Џаламарите ги бркаа лошите духови од селата

Објавено на 14 јануари, 2016 во 14:10

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Во селото Дреново жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото.

Жителите на село Дреново раскажуваат дека џаламарската традиција во селото е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.

„Огнот е запален синоќа околу 19 часот. Цела ноќ се претстојува покрај него, а денеска од утринските часови се до пладне џаламарите одат во посета на куќите во селото каде добиваат подароци. Потоа собраната храна се поставува на заедничка трпеза во селото со што продолжува прославата на Василица“ раскажуваат дреновци./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.