Семафор за поголема безбедност на учениците

Објавено на 23 февруари, 2016 во 14:19

Пред училиштето „Димката Ангелов-Габерот“ во Ваташа се постави пешачки семафор. Ова е вториот ваков семафор што го поставува општина Кавадарци за поголема безбедност на пешаците, пред се на учениците. Улицата каде е поставен овој семафор е дел од регионален пат Кавадарци-Мушов Гроб-с.Мрежичко и се работи за мошне фрекфентна сообраќајница.

За поставување на овој семафор општината инвестира 300.000 денари од оперативниот Буџет за 2016 година, а семафорот го постави специјализираната фирма „Електро Софт Инжинеринг“ комапнија што ги одржува семафорите во градот.

„Работата на пешачкиот семафор се регулира само во моментот кога истиот ќе се активира од страна на учениците, односно пешаците. Имено на семафорот постојано е вклучено зеленото светло за возачите. На двата столба на семафорот од левата и десната страна на коловозот се поставени тастери. Оној момент кога на пешачкиот премин ќе има поголема група на пешаци тие со притискање на тастерот го активираат уредот со кој во време траење од 10 секунди зеленото светло за возачите почнува да трепка како предупредување да застанат по што се пали црвено за возачите, а се активира зеленото светло за пешаците. Тие имаат исто така 10 секунди да ја минат улицата по што повторно се пали црвеното светло за пешаците, а се активира зеленото за возачите“ информираа од општината.

Овој втор семафор од ваков тип ќе биде целосно во функција во време на големиот одмор за учениците, кога има и најголема фрекфенција на ученици и возила. Општината апелира до учениците, но и до возачите да ја почитуваат новата сигнализација и сите заедно да дадат придонес за поголема сообраќајна безбедност. Очекува дека сообраќајната култура кај кавадарчани ќе биде на ниво, каква што ја покажуваат кога се во западно европските земји.

Првиот ваков семафор во 2014 година беше поставен пред ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“и истиот функционира успешно./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.