Трансформиран работниот однос на дваесет и девет просветни работници
Дваесет и девет просветни работници од Кавадарци денеска по долго чекање стигнаа до решенија за работа во основните и средните училишта. Радосни и возбудени беа на свеченото доделување. Искажаа благодарност што конечно имаат постојана работа и ќе можат уште повеќе да и се посветат на професијата.
„ Трансформацијата е еден вид потврда на нашето работење во образованието. Среќни сме што си го најдовме покривот во образованието“рече Валентина Таскова, професор во СОЗУШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци.
Дваесет и четири наставници добија решенија за работа во основните училишта, а петмина професори во СОЗШУ „Ѓорче Петров“.
„ Им спомнав за нивната неодминлива улога која ја имаат во развојот на Кавадарци. И јас и сите околу мене и цел бизнис сектор и сите кои ги креираат условите за работа, живот и политики се производ на еден процес на воспитување и образование во еден изминат период, а сега Кавадарци ги бере плодовите од нас. Тие се во процесот на образување на кадри од кои ќе ги бериме плодовите во наредниот период“ рече градоначалникот Александар Панов и им порача да си ја штитат професијата./А.Д