Привршува откупот на јагниња, многу останаа не продадени!
За Божиќ, ниту Италијаните нема да јадат македонско јагнешко месо.
Сточарите и кланиците се револтирани. Во понеделник од кавадаречката кланица ќе биде товарен единствниот камион со македонско јагне за италијанскиот пазар. Со тоа и завршуваа оваа откупна сезона. И едните и другите велат дека годинава ќе се соочат со огромни загуби, а тоа ќе има катастрофален одраз врз сточниот фонд во Македонија кој наместо да се зголемува ќе се намаува.
Од “Серта компани“рекоа дека времето за откуп заврши, пазарите се презаситени, а нашите сточари не едуцирани. Тие произвеле јагне со мала тежина која не се бара на странскиот пазар.
“Ние треба да се прилагодуваме на пазарот, а не пазарот на нас. На италијанскиот пазар се бара јагне од 6 -9 килограми, а нашите производители, бидејки цената на млекото е многу ниска, бараат преку цената на месото да добијат повисока цена за покривање на трошоците. Македонија има многу мала количина на стока што може да ја пласира на италијанскиот пазар во однос на квалитетот и килажата. Тоа е проблем со кој се соочуваме постојано.За разлика од лани, извозот на јагнешко месо на италијанскиот и хрватскиот пазар е паднат сто процентно. За Божиќ, досега извезувавме од 12-15 илјади јагниња а годинава до15 декември немаме заклано ниту едно јагне. Освен еден камион други барања немаме. Тоа се должи на кризата во Италија и Хрватаска. Исто така и самите производители тактизираа и не сакаа да ги дадат јагнињата пред 10 декември, а 16 декември е последен ден за утовар и извоз на јагниња,“рече Ристо Михајлов.
Михајлов смета дека во Македонија се води погрешна политика со стимулациите за зголемување на сточниот фонд. Наместо 2-3 милиони овци како порано сега државата располага само со 700-800.000 грла овци. Главно тоа се измешани раси кои не се високо млечни и се уште на примитивен начин рачно се молзат, што придонесува за зголемено ниво на бактерии во млекото. Михајлов не се сложува со начинот на субвенционирање на сточарите според кој оние што оставаат повеќе грла, земаат помали субвенции. Тој смета дека лошо влијаела и стапката на данок на промет, во однос на живо јагне и месо.
“ Неможеме да имаме зголемување на сточниот фонд кога данокот на промет на живо јагне е 18 % а на месо 5% .Ние како извозници откупуваме од фирмите со 18% ДДВ и после 5-6 месеци чекаме враќање на ДДВ, а сме користеле сопствени средства или кредити,“ рече Михајлов.
Годинава, македонските сточари не ја искористија можноста за пласман на живо јагне на турскиот пазар иако Турција не увезе јагниња од Бугарија, Романија,Полска и Словачка. Македонското јагне не се продаде ниту во Грција бидејќи таму сточарството е високо развиено и на секој начин се обидуваат, во што поголема количина, да го пласираат на италијанскиот пазар.
