Крадци од Прилеп оперирале во Кавадарци
Кавадаречката полиција откри група прилепчани која во изминатиот период вршела кражби во становите на кавадарчани. Арамиите со кршење на цилиндерот од бравата влегувале во домовите и краделе вредни предмети.
Фатени се вчера откако влегле во стан на улицата „Едвард Кардељ“. Ја скршиле бравата, пребарувале низ станот но за кратко време се вратила и сопственичката. Физички ја напднале и побегнале. Но полицаец резервист кој се наоѓал пред зградата ги слушнал повиците на жената за помош. Тој ги пресретнал пред излезот на зградата.Ги совладал и двајцата крадци, но едниот побегнал.
Крадецот кој бил фатен е задржан во кавадаречката полиција. Кај него е пронајден златен накит и други вредни предмети.
Дознаваме дека полицијата трага по прилепските разбојници кој оперираат низ Кавадарци, но во интерес на истрагата повеќе детали не се соопштуваат.