ФОТО: „Дедо цепе борина“ и годинава во Кавадарци
Објавено на 6 јануари, 2014 во 08:57
Кавадачани синоќа на градскиот плоштад уште еднаш ја испочитуваа традицијата. Со песна, вино и ракија го празнуваа коледе. Се одржа манифестацијата „Дедо цепе борина“, во чии рамки се кажуваа шеги, а беа избрани и трите најдобри.
Златна коледашка доби екипата на актерот Диме Коцевски од Ваташа, Ѓорѓи Лазов за својата шега која ги насмеа кавадарчани доби сребрена коледашка, а Мики Виденовиќ бронзена коледашка.
Од локалната самоуправа рекоа дека оваа манифестација по повод Коледе ќе се одржи и следната година бидејќи е прифатена од граѓаните./А.Д
|
|