Денеска уапсен уште еден осуденик во Кавадарци
Објавено на 22 јануари, 2014 во 08:48
По наредба на кавадаречкиот суд денеска полицијата го лиши од слобода триесет и пет годишниот Д.А од Кавадарци заради издржување на затворска казна.
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, овој кавадарчанец е уапсен заради издржување казна затвор во траење од две години и шест месеца за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги„ и истиот ќе биде спроведен во КПУ Идризово.
Д.А и е познат на кавадаречката полиција како извршител на повеќе кривични дела.