Уапсен осуденик за полов напад на дете
Објавено на 23 јануари, 2014 во 10:55
Постапувајќи по наредба на кавадаречкиот Основен Суд, полицијата денеска го лиши од слобода Е.В (25) од Струмица со привремен претстој во Кавадарци заради издржување на казна затвор.
Тој има правосилна пресуда за издржување на затворска казна од четири години, бидејќи извршил кривично дело „полов напад врз дете“.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека е уапсено лицето и е спроведено во КПУ Идризово.
Во изминативе денови кавадаречката полиција спроведе неколку акции за апсење на лица кои имаат правосилна пресуда и треба да издржуваат затворски казни.