Кавадарци ќе гради нова градинка
Проблемот кој веќе подолг период го има Кавадарци со недостаток од слободни места во детската градинка „Рада Поцева“ ќе го ублажува со отворање на нова градинка.
Овој проект е дел од програмата за развој на општината и е планирано да биде реализиран годинава.
“Градинката ќе биде лоцирана на Северен булевар, а ќе биде со површина од 1100 метри квадратни. Ќе има капацитет за згрижување на 120 деца. Планирани се средства за изградба на градинката во износ од 20 милиони денари кои ќе се обезбедат од Светска Банка во форма на поволен кредит со рок на отплата од 8 години „ велат од општината.
За една година бројот на дечиња кои посетуваат градинка во Кавадарци е зголемен за стотина. Тоa значи дека капацитетот на кавадаречката градинка во моментов е искористен 170% и го отежнува нормалното работење./A.Д