Во петок ќе се закројува во Кавадарци во чест на Свети Трифун
Во петок скромно, во скоп на традицијата и обичаите празникот ќе биде одбележан на градскиот плоштад во Кавадарци и во црквата Св „Димитрија“.
Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе ја реализира програмата на Советот на општината согласно која на градскиот плоштад ќе се одвива културно забавна програма со учество на актерите од театарот од Кавадарци, потоа фолклористите од ФА „Тиквеш“, како и настапот на музичката група „Тајфата на Димо Дулот“. Освен ова на градскиот плоштад ќе бидат поставени и штандови каде ќе бидат изложени производи од грозје: вино, ракија, маџун, гроздов мед, а околу декорирањето на амбиентот се ангажирани учениците и професорите од средното земјоделско шумарско училиште.
Во кавадаречката црква ќе се отслужи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Повардарски господин Агатангел во сослужение со свештеници од епархијата и храмот Св „Димитрија“.
Потоа, во дворот на црквата ќе биде извршен ритуалот на закројување како симбол за здрава, плодна и бериќетна година во лозарството. Согласно традицијата лозарите добиваат дел од закроените прачки од црковните лози, по што се упатуваат кон нивните лозови насади каде и тие симболично вршат закројување.
Во текот на вчерашниот ден на градскиот плоштад се поставува и штандовите за потребите на винариите и индивидуалните производители на вино, ракија, мед и останати производи од грозје./А.Д