Кавадарци воспостави пријателски односи со Саратов од Русија
Делегација од општината Саратов-Русија на градоначалникот на Кавадарци му предаде пасош за соработка. Со ова двете општини воспоставија пријателски односи, а се очекува во наредниот период да се продлабочува оваа соработка и на економски план.
„Посебно сум горд што ова е прва општина или град, која што воспоставува на самиот почеток пријателски, а потоа и побратимски односи со руска општина. Тоа е големина за Кавадарци и за прв пат се случува во историјата на општината. Би било посебно добро ако воспоставиме и економска соработка со Саратов“ рече градоначалникот Александар Панов кој доби отворена покана од гостите за посета на Саратов на празникот на Русија, 9 ти мај.
Панов им ја претстави на гостите личната карта на градот и општината. Ги запозна со сите историски, културни и економски богатства со кои располага општината.
Драго ни е што сме гости во Македонија,.Македонија ја сметаме за блиска, а македонскиот народ се наши браќа исти по вера и култура. Ќе ни биде драго соработката ја прошируваме во наредниот период.
Општината Саратов е составена од шест региони и во неа живеат два милиони луѓе./А.Д