Обид за силување во кавадаречко
Обид за силување вчера во вечерните часови во кавадаречката полиција пријавила педесет и осум годишната Н.Б. од село Сопот.
Според исказот даден во полиција на влезната врата од нејзината семејна куќа, синоќа, заѕвонил нејзиниот сосед Д.С и се скрил под скалите. Но, ја напднал откако жената видела дека нема никој и се обидела да си влезе во домот. Напаѓачот го искористил токму моментот кога таа му била завртена со грб и се нафрлил и венаш со раката и ја затворил устата.
Бидејќи жената пружила отпор, двајцата паднале на земја. Сепак спротивставувањето било пресудно напаѓачот да се поколеба и да се даде во бегство.
Нападнатата веднаш го пријавила случајот во полиција по чија брза интервенција Д.С. бил откриен и приведен во станицата во Кавадарци.
Од полициски извори дознаваме дека насилникот тој бил задржан во полиција. Нападнатата жена подолго време имала проблеми со лицето што синоќа ја нападнало и се обидело да ја силува./А.Д