Кражба на златен накит од стан во Кавадарци
Објавено на 20 февруари, 2014 во 14:05
Синоќа во кавадараречката полиција е пријавена тешка кражба на златен накит од стан на улица „7 ми април“ во Кавадарци. Кражбата ја пријавил сопственикот Љ.П.
Од полицијата информираа дека непознатиот сторител со употреба на погоден предмет го скршил цилиндерот од бравата на влезната врата од станот, влегол внатре извршил пребарување и одзел разни златни предмети, причинувајќи матерјалната штета од околу 150.000 денари.
Полицијата превзема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот./А.Д